Избеганиот поранешен тајландски премиер Таксин Шинаватра се врати во Тајланд за првпат по 2008 година, враќајќи се од самонаметнатиот егзил директно во затвор.
Таксин, кој е милијардер и лидер на партијата Феу Тау, избега во странство пред 15 години, пред да биде осуден во отсуство за злоупотреба на функцијата.
74-годишниот Таксин пристигна со приватен авион на аеродромот во Бангкок и потоа со полиција беше однесен во суд, а потоа и во затвор, каде што според судот, треба да одлежи осум години.
„Татко ми се врати во Тајланд и влезе во судскиот процес“, кажа неговата ќерка Петонгтарн.
Таксин се врати во Тајланд додека во земјата се очекува гласање за избор на нов премиер во сенатот, а главен кандидат е Срета Тавишин, кој е од партијата на Таксин.