ЗГОЛЕМЕН БРОЈ НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС ВО КОРЕЈА ПОРАДИ НОЌНИТЕ КЛУБОВИ

    ЗГОЛЕМЕН БРОЈ НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС ВО КОРЕЈА ПОРАДИ НОЌНИТЕ КЛУБОВИНад 100 нови случаи ма зараза се поврзани со кластер во областа Итаевон, позната по богат ноќен живот (Фото: Гети)

    Јужнокорејските власти изразија загриженост од најновиот пораст на бројот на заразени со коронавирус во земјата, што го поврзаа со ноќни клубови и барови во Сеул.

    Над 100 нови случаи се поврзани со кластер во областа Итаевон, позната по богат ноќен живот, објави Националниот центар за контрола на болести и превенција. Од потврдените случаи, 73 лица лично посетиле места во Итаевон, а потоа заразиле уште 29 луѓе со кои контактирале. Сеул овој викенд привремено ги затвори ноќните клубови и дискотеките.

    Градските власти сакаат да лоцираат 5.517 луѓе кои посетиле локали во Итаевон во периодот од 27 април до 8 мај. Досега се тестирани над 3.000 луѓе кои биле во тамошните клубови или имале контакт со лица кои биле. При откривањето на лицата се проверуваат трансакции со кредитни картици, податоци од смартфони и снимки од надзорни камери.

    Јужна Кореја вчера потврди 27 нови случаи на зараза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира