ПОРНОГРАФСКИ ИЗДАВАЧ НУДИ 10 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИЈА ШТО ЌЕ ГО ОТСТРАНИ ТРАМП ОД БЕЛАТА КУЌА

    ПОРНОГРАФСКИ ИЗДАВАЧ НУДИ 10 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИЈА ШТО ЌЕ ГО ОТСТРАНИ ТРАМП ОД БЕЛАТА КУЌАОгласот во неделното издание на „Вашингтон пост“.

    Порнографскиот издавач Лари Флинт нуди 10 милиони долари на секојј што ќе му даде информации што би можеле да доведат до импичмент и отстранување на претседателот Доналд Трамп од Белата куќа.

    Тој оваа понуда ја објави со платен оглас на цела страница во неделното издание на Вашингтон Пост.

    За време на ланската претседателска кампања, основачот на списанието за возрасни Хастлер, Лари Флинт нудеше еден милион долари на секој што би му дал видео или аудио снимка со Тамп во нелегални, или сексуално непристојни однесувања. Потоа во предизборната кампања се појави видео од 2005 година во кое Трамп се фали како сексуално им се наметнува на жените.

    Во неделниот оглас Флинт бара било каков детал што тој ќе може да го објави доволно сочен да го отсртани Трамп од претседетелското место.

    Белата куќа не го коментираше огласот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира