ТРАМП НЕ КОРИСТЕШЕ КОНДОМ, СВЕДОЧЕШЕ ПОРНОЅВЕЗДАТА СТОРМИ ДАНИЕЛС ЗА СЕКСОТ СО НЕГО, СУДИЈАТА ЈА ПРЕДУПРЕДИ ДА НЕ ИЗНЕСУВА ПРЕМНОГУ ДЕТАЛИ

    ТРАМП НЕ КОРИСТЕШЕ КОНДОМ, СВЕДОЧЕШЕ ПОРНОЅВЕЗДАТА СТОРМИ ДАНИЕЛС ЗА СЕКСОТ СО НЕГО, СУДИЈАТА ЈА ПРЕДУПРЕДИ ДА НЕ ИЗНЕСУВА ПРЕМНОГУ ДЕТАЛИТрамп негира дека имал секс со Даниелс, но призна дека неговиот адвокат Мајкл Коен ѝ платил 130.000 долари за да ја замолчи (Фото: АП)

    Сведочењето на порноѕвездата Сторми Даниелс беше најдраматичниот ден на судењето на Доналд Трамп за тајната исплата од 130.000 долари, при што таа откри сочни моменти од нивната сексуална средба во 2006, поради што судијата ја предупреди да не изнесува премногу приватни детали. Таа, меѓу другото, кажа дека Трамп не носел кондом и дека го плескала со списание, при што адвокатите на бившиот претседател побараа поништување на сведочењето, а судијата се согласи дека некои детали не се релевантни за судењето.

    Трамп негира дека имал секс со Даниелс, но призна дека неговиот адвокат Мајкл Коен ѝ платил 130.000 долари за да ги замолчи нејзините тврдења, што е во центарот на судењето, на кое Трамп е обвинет за фалсификување деловни извештаи.

    Даниелс откри дека животот ѝ станал хаос откако нејзината приказна излегла во јавност во 2018 и дека била вознемирувана и дома. Призна дека го мразела Трамп и дека сакала да заработи нешто од нејзината приказна.

    Даниелс сведочеше дека имала секс со Трамп откако се запознале на еден голф турнир во Невада, по што тој ја поканил на вечера.

    Кога дојдов во неговиот апартман, тој носеше само свилена пижама, а откако се вратив од бањата, тој лежеше на креветот само по гаќи и кошула. Имавме секс, кој беше со заемна согласност, но оваа средба ме остави дезориентирана“, кажа Даниелс.

    Таа потврди дека по средбата очекувала да добие ангажман во реалното шоу на Трамп „Приправник“, но тоа не се случило. Даниелс кажа дека била решена да молчи за нивната средба, но се премислила за време на претседателската кампања во 2016, кога Трамп се соочи со неколку обвинувања за недолично сексуално однесување. На крајот, се договорила со Коен да ѝ бидат исплатени 130.000 долари.

    Ова беше многу голем ден, кој многу откри, но како што гледате, нивниот случај се распаѓа“, изјави Трамп пред судот на крајот на денот.

    Сторми Даниелс повторно ќе сведочи в четврток, 9 мај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира