Блиска соработничка на американскиот потпретседател Мајк Пенс имала позитивен тест на коронавирус и тоа е втор ваков случај во Белата куќа во изминатите денови. Доналд Трамп потврди дека станува збор за портпаролката на Пенс, Кејти Милер.
Белата куќа почна да ги тестира Трамп и Пенс секој ден и објави дека се преземени сите неопходни мерки за да бидат заштитени.
Во САД досега има над 76.000 починати од КОВИД-19, но земјата полека почнува да ја отвора економијата.
Шестмина членови на тимот на Пенс вчера нагло биле извлечени од неговиот авион непосредно пред да полета за Ајова, откако претходно имале контакт со Милер, која е сопруга на советникот на Трамп, Стивен Милер.
Само ден порано, позитивен на коронавирус бил и еден од личните помошници на Трамп.