ПОРТПАРОЛОТ НА БЕЛАТА КУЌА ШОН СПАЈСЕР ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

    ПОРТПАРОЛОТ НА БЕЛАТА КУЌА ШОН СПАЈСЕР ПОДНЕСЕ ОСТАВКАШон Спајсер неочекувано поднесе оставка денеска поради несогласување со изборот на Доналд Трамп за нов директор на комуникации на Белата куќа. (Фото: Ројтерс)

    Шон Спајсер, портпаролот на Белата куќа, поднесе оставка денеска, кажувајќи му на претседателот Доналд Трамп дека жестоко се спротивставува на назначувањето на њујоршкиот финансиер Ентони Скарамучи за директор на комуникации. Трамп му ја понуди работата на Скарамучи во 10 часот наутро по локално време и побара од Спајсер да остане на функцијата, но Спајсер му кажал на Трамп дека назначувањето е голема грешка, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на извор од Белата куќа.

    „Ми беше чест и привилегија да му служам на претседателот Доналд Трамп и на оваа неверојатна земја. Ќе продолжам со работата и во август“, твитна Спајсер.

    Скарамучи, кој е основач на глобалната инвестициска фирма „Скајбриџ капитал“ и е соработник на телевизијата „Фокс“ е познат по неговата одбрана на ставовите на Трамп, но, исто така, има добри односи со новинари од многу медиуми, вклучувајќи ги и оние кои што Трамп ги нарекува „лажни вести“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира