ПОРТУГАЛСКИОТ ПРЕМИЕР КОШТА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПОРАДИ ИСТРАГА ЗА КОРУПЦИЈА ВО ВЛАДАТА

    ПОРТУГАЛСКИОТ ПРЕМИЕР КОШТА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПОРАДИ ИСТРАГА ЗА КОРУПЦИЈА ВО ВЛАДАТААнтонио Кошта не е наведен како осомничен во истрагата (Фото: АФП)

    Португалскиот премиер Антонио Кошта поднесе оставка откако беше извршен претрес во неговиот кабинет во рамките на истрага за корупција. Кошта не е наведен како осомничен, но кажа дека поради истрагата веќе не може да остане на функцијата.

    Истражителите денеска кажаа дека се испитуваат концесии за рудници за литиум и за проект за производство на водород. Издаден е налог за апсење за пет лица, вклучувајќи го шефот на кабинетот на Кошта, Витор Ескарија. Весникот „Публико“ објави дека Ескарио е приведен.

    Под истрага е и министерот за инфраструктура Жоао Галамба поради зделки поврзани со енергетика.

    Кошта изјави дека е затечен од истрагата за корупција, но вети дека ќе соработува. Претседателот Марсело Ребело де Соуса изјави дека ја прифатил неговата оставка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира