Илјадници педофили дејствувале во рамките на Католичката црква во Франција, покажа истрагата за злоставувањата што ги правеле членовите на црквата. Шефот на истражувачкиот панел Жан-Марк Сове изјави дека пронашле докази за околу 3.200 злоставувачи меѓу вкупно 115.000 свештеници и други црковни лица.
„Ова е минимална проценка“, кажа Сове.
Комисијата ќе го објави целосниот извештај од 2.500 страници утре и тој е заснован на црковни, судски и полициски архиви, како и на интервјуа со жртвите. Истрагата почнала во 2018 година по бројни слични скандали во други држави.
„На обвинителите ќе им предадеме докази за 22 случаи за кои сè уште може да се отвори криминална истрага. Бискупите и други високи црковни лица се известени за други обвинувања против лица кои сè уште се живи“, кажа Сове.
Комисијата контактирала повеќе од 6.500 жртви и сведоци во изминатите две и пол години.