ПОСТОИ ГОЛЕМ РИЗИК ОД ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ, ПРЕДУПРЕДИ ЕУ

    ПОСТОИ ГОЛЕМ РИЗИК ОД ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ, ПРЕДУПРЕДИ ЕУВо саботата, германски турист беше убиен кај Ајфеловата кула во Париз (Фото: АФП)

    Европската Унија предупреди дека постои голем ризик од терористички напади во претстојниот празничен период. Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон кажа дека поларизацијата на општеството предизвикана од војната помеѓу Израел и Хамас го зголемила ризикот од насилство.

    Ова следува неколку дена откако германски турист беше убиен во нападот кај Ајфеловата кула во Париз. Нападот беше извршен од 26-годишник со иранско потекло кој неодамна се приклонил кон Исламска држава.

    Јохансон не откри дали некои специфични информации стојат зад нејзиното предупредување.

    Видовме деновиве во Париз, а за жал, видовме и порано“, кажа таа.

    Слично предупредување дојде и од германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер, која кажа дека будно следат закани и пропаганда кои го зголемија ризикот од радикализација. Во Германија беше уапсен 20-годишен Ирачанец зашто планирал напад со нож на божиќен пазар во Хановер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира