Познатиот белградски сплав „Картел“ во Нов Белград ноќеска потона во Сава додека таму имаше многу гости на концерт на раперот Цунами.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како гостите во паника го напуштаат сплавот.
Дел од гостите пливаа до брегот, а дел беа евакуирани од полицијата со чамци. Првичните информации се дека нема посериозно повредени.
За време на дочекот на 2023 година, популарниот белградски сплав „Фристајлер“ потона неколку минути по полноќ.