ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ САЛЕХ ТВРДИ ДЕКА Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АВГАНИСТАН И ПОВИКА НА ОТПОР ПРОТИВ ТАЛИБАНЦИТЕ

    ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ САЛЕХ ТВРДИ ДЕКА Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АВГАНИСТАН И ПОВИКА НА ОТПОР ПРОТИВ ТАЛИБАНЦИТЕСалех вели дека под никакви околности нема да им се предаде на талибанците

    Талибанците се соочија со прв јавен отпор откако во неделата влегоа во Кабул и прогласија крај на војната, откако досегашниот потпретседател Амрула Салех изјави дека е нов легитимен претседател на Авганистан. Тој тврди дека оваа функција му припаѓа според уставот откако претседателот Ашраф Гани избега од државата во неделата и не е познато каде се наоѓа моментално.

    „Останувам во земјата и сум во контакт со сите лидери, со цел да се обезбедат нивната поддршка и консензус“, напиша Салех на Твитер.

    Во друг твит, Салех вели дека не е обесхрабрен и ги повика Авганистанците да се придружат на отпорот против талибанците.

    Поранешниот директор на авганистанската разузнавачка агенција е дециден дека под никакви околности нема да им се предаде на талибанците, нарекувајќи ги терористи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира