ПОТРЕБНИ СЕ ПАРИ ЗА ДА СЕ УБИЈАТ ЛОШИТЕ МОМЦИ, РЕЧЕ ХЕГСЕТ ЗА ИЗВЕШТАИТЕ ДЕКА ПЕНТАГОН БАРА УШТЕ 200 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ВОЈНАТА СО ИРАН

    ПОТРЕБНИ СЕ ПАРИ ЗА ДА СЕ УБИЈАТ ЛОШИТЕ МОМЦИ, РЕЧЕ ХЕГСЕТ ЗА ИЗВЕШТАИТЕ ДЕКА ПЕНТАГОН БАРА УШТЕ 200 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ВОЈНАТА СО ИРАНХегсет повтори дека ова нема да биде бесконечна војна, но не кажа кога би можела да заврши (Фото: АП)

    Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет не ги негираше медиумските извештаи дека Пентагон побарал од Белата куќа уште 200 милијарди долари за војната во Иран.

    Олку пари би можеле да се префрлат. Потребни се пари за да се убијат лошите момци. Важно е да бидеме соодветно финансирани за сè што може да биде потребно во иднина“, рече Хегсет, повторувајќи дека ова нема да биде бесконечна војна, без да прецизира кога би можела да заврши.

    Американско-израелската војна против Иран се ближи кон четвртата недела и „Вашингтон пост“ објави дека Министерството за војна предложило неколку барања за финансирање во изминатите две недели. Некои американски функционери веруваат дека барањето за 200 милијарди долари нема да помине во Конгресот.

    Пентагон претходно објави дека првите шест дена од војната чинеле 11,3 милијарди долари. Конгресот веќе го усвои годинашниот буџет за одбрана од 838,5 милијарди долари.

    Иран вложил пари во тунели, проектили и беспилотни летала, но САД ги ловат методично, безмилосно и убедливо, како што ниедна друга војска во светот не може да направи. Досега нападнавме над 7.000 цели во Иран. Нашите капацитети продолжуваат да се градат, додека иранските продолжуваат да се деградираат“, рече Хегсет, додавајќи дека сите би требало да му бидат благодарни на Доналд Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира