ПОВЕЌЕТО ОД ИСПУКАНИТЕ ПРОЕКТИЛИ НА СИРИЈА БИЛЕ ПРЕСРЕТНАТИ, ВЕЛИ МОСКВА

    ПОВЕЌЕТО ОД ИСПУКАНИТЕ ПРОЕКТИЛИ НА СИРИЈА БИЛЕ ПРЕСРЕТНАТИ, ВЕЛИ МОСКВАНиту една од крстосувачките ракети на САД и на нејзините сојузници не влегла на територијата каде што се наоѓаат руските воздушни сили (Фото: Ројтерс)

    Руското министерство за одбрана објави дека сириската противвоздушна одбрана пресретнала повеќето од проектилите, што САД и сојузниците ги испукаа ноќеска на Сирија, пренесе агенцијата ТАСС.

    Тоа, исто така, потврди дека во нападите не биле гаѓани руските сили распоредени во Сирија.

    Русија, сојузник на владата во Дамаск, смета дека воената акција на западните сили има за цел да се спречи мисијата на Организацијата за забрана на хемиско оружје, која викендов требаше да спроведе независна истрага на наводното користење на хемиско оружје во нападот во Дума.

    Според агенцијата Интерфакс, сириските сили пресретнале повеќето од западните воени проектили користејќи руска технологија, вклучувајќи го и системот „Бук“.

    „Ниту една од крстосувачките ракети на САД и на нејзините сојузници не влезе на територијата на руските воздушни сили во Тартус и Хмеимеим“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

    Според сириската државна телевизија, три цивили се повредени во Хомс и во нападите бил оштетен единствено истражувачкиот објект во близина на Дамаск.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира