ПОВЕЌЕТО ЖРТВИ ВО МИНХЕН БИЛЕ ОД 13 ДО 20 ГОДИНИ, НАПАЃАЧОТ ИМАЛ ПСИХИЧКИ ПРОБЛЕМИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Минхен,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОВЕЌЕТО ЖРТВИ ВО МИНХЕН БИЛЕ ОД 13 ДО 20 ГОДИНИ, НАПАЃАЧОТ ИМАЛ ПСИХИЧКИ ПРОБЛЕМИ

    Специјално за САКАМДАКАЖАМ.МК од Минхен: Даниела Стојановиќ – Каргов

    Нема туристи меѓу жртвите во вчерашниот терористички напад во Минхен, соопшти баварската полиција. Според истрагата што до сега е спроведена  и по претресот на станот во кој што живеел со своите родители , напаѓачот, Германец со иранско потекло, полицијата не нашла докази за политичка мотивираност или некаква врска со ИСИС.

    Се претпоставува дека имал психички проблеми оти, во собата му биле пронајдени книги и материјали со водичи како се убиваат луѓе.

    Оружјето со кое пукал е со австриско потекло, 9 милиметарски „глок“ и се истражува од каде е набавено.

    Покрај деветте жртви, плус напаѓачот кој се самоубил, повредени се 27 лица, меѓу нив и деца. Меѓу жртвите повеќемина се на возраст од 13 и 20 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира