ПРЕД 16 МЕСЕЦИ ПУТИН БЕШЕ ПРЕД ПОРТИТЕ НА КИЕВ, А ВЧЕРА МОРАШЕ ДА ЈА БРАНИ МОСКВА, ВЕЛАТ САД

    ПРЕД 16 МЕСЕЦИ ПУТИН БЕШЕ ПРЕД ПОРТИТЕ НА КИЕВ, А ВЧЕРА МОРАШЕ ДА ЈА БРАНИ МОСКВА, ВЕЛАТ САДВојската вчера излезе на улиците на Москва во очекување на конвојот на „Вагнер“ (Фото: АП)

    Тешко вооружените руски платеници се повлекоа од Ростов на Дон согласно договорот со кој беше запрено нивното брзо напредување кон Москва, додека нивната побуна остави отворени прашања за тоа колкава контрола во земјата има Владимир Путин. И додека борците на „Вагнер“ се повлекоа во своите бази, на нивниот шеф Евгени Пригожин му беше дозволено да замине во Белорусија, откако Путин се согласи на понижувачки договор за амнестија. Денеска немаше информации каде се наоѓа Пригожин, кој тврдеше дека неговиот марш има за цел да го собори раководството на руската војска.

    Во првиот јавен коментар на САД за вчерашните случувања, државниот секретар Ентони Блинкен денеска сугерираше дека превирањата во Русија можеби не се завршени и би можеле да траат со месеци.

    Видовме дека се појавуваат уште пукнатини во руската фасада. Прерано е да се каже како точно ќе се одвива ова. Секако, се појавија многу нови прашања, на кои Путин ќе треба да одговори во следните недели и месеци“, кажа Блинкен.

    Тој вели дека засега е нејасно какво влијание ќе има краткотрајната побуна на „Вагнер“ врз војната во Украина.

    Пред 16 месеци, Путин беше пред портите на Киев, убеден дека ќе го освои градот за неколку дена и дека ќе ја избрише Украина од мапата на светот, а сега мораше да ја брани Москва од платениците кои сам ги создаде“, рече Блинкен.

    Путин не е виден во јавност од вчерашното утринско ТВ-обраќање во кое го обвини Пригожин за велепредавство, но денеска беше емитувано негово претходно снимено интервју за државната телевизија, во кое збореше за војната во Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира