ПРЕМИЕРКАТА АНДЕРСОН ЈА ПРИЗНА ПОБЕДАТА НА ДЕСНИЦАТА НА ИЗБОРИТЕ ВО ШВЕДСКА И ЌЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

    ПРЕМИЕРКАТА АНДЕРСОН ЈА ПРИЗНА ПОБЕДАТА НА ДЕСНИЦАТА НА ИЗБОРИТЕ ВО ШВЕДСКА И ЌЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКАСе очекува лидерот на Умерената партија, Улф Кристерсон, да биде новиот премиер (Фото: Гети)

    Шведската премиерка Магдалена Андерсон изјави дека ќе поднесе оставка откако нејзината левичарска коалиција тесно изгуби на изборите во неделата. По 99% избројани гласови, блокот на десничарски партии има 176 пратенички места, наспроти 173 за левицата.

    Се очекува лидерот на Умерена партија, Улф Кристерсон, да биде новиот премиер, а во владата ќе влезе и крајнодесничарската партија Шведски демократи. Иако конечните резултати допрва ќе бидат потврдени, Андерсон го призна поразот и кажа дека утре официјално ќе поднесе оставка.

    Тие имаат тенко мнозинство, но сепак е мнозинство“, изјави Андерсон, прва жена на премиерската позиција во Шведска.

    Таа беше победена од блокот што го сочинуваат Шведски демократи, Умерена партија, Христијански демократи и Либерали. Ова е пресвртен момент за шведската политика, имајќи предвид дека Шведски демократи, која произлезе од некогашното неонацистичко движење, стана втората најголема партија со околу 20% освоени гласови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира