ПРЕМИЕРКАТА ТАКАИЧИ ЈА ИСКОРИСТИ ПОПУЛАРНОСТА ЗА УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ИЗБОРИТЕ ВО ЈАПОНИЈА

    ПРЕМИЕРКАТА ТАКАИЧИ ЈА ИСКОРИСТИ ПОПУЛАРНОСТА ЗА УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ИЗБОРИТЕ ВО ЈАПОНИЈАСо своето присуство на социјалните мрежи Такаичи ги привлече и младите гласачи, а објави и видео како свири тапани со јужнокорејскиот претседател Ли Џе Мјунг (Фото: АП)

    Владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП) на премиерката Санае Такаичи е пред убедлива победа на денешните парламентарни избори во Јапонија, велат излезните анкети. Првата жена на премиерската функција во Јапонија бараше јасен мандат од јавноста само четири месеци откако стана лидерка на партијата.

    Коалиции предводени од ЛДП владееја во Јапонија во најголемиот дел од повоената историја поради недостиг на силна опозиција, но двајцата претходници на Такаичи го изгубија парламентарното мнозинство поради корупциски скандали и растечките цени.

    Такаичи, која доби поддршка од Доналд Трамп, вети дека ќе поднесе оставка ако нејзината партија не освои мнозинство. Нејзината популарност ѝ помогна на партијата, која во коалиција со десничарската Партија на иновации би можела да има 366 пратеници од можни 465.

    Ентузијазмот на Такаичи, популистичките ветувања за трошење и националистичката реторика се чини дека ги поттикнаа гласачите да излезат во голем број на првите зимски избори во Јапонија во последните 36 години, и покрај лошите временски услови.

    Со своето присуство на социјалните мрежи Такаичи ги привлече и младите гласачи. Таа редовно споделува снимки од секојдневниот живот и политичките активности, а видеото на кое свири тапани со јужнокорејскиот претседател Ли Џе Мјунг е едно од многуте што станаа вирални.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира