ПРЕМИЕРОТ ФИЦО ВЕЌЕ НЕ Е ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ ПО ВЧЕРАШНИОТ АТЕНТАТ, КАЖА СЛОВАЧКИОТ ВИЦЕПРЕМИЕР

    ПРЕМИЕРОТ ФИЦО ВЕЌЕ НЕ Е ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ ПО ВЧЕРАШНИОТ АТЕНТАТ, КАЖА СЛОВАЧКИОТ ВИЦЕПРЕМИЕРФицо го оперирале неколку часа по пукањето во малиот град Хандлова (Фото: АП)

    Словачкиот премиер Роберт Фицо веќе не е во животна опасност откако вчера беше застрелан неколкупати во обид за атентат, изјави вицепремиерот Томаш Тараба.

    Операцијата помина добро и се очекува на крајот Фицо да преживее“, кажа Тараба.

    Министерот за одбрана Роберт Калинак синоќа изјави дека Фицо го оперирале неколку часа по пукањето во малиот град Хандлова и дека тој се бори за живот. Министерот за внатрешни работи Матуш Шутај-Ешток го опиша нападот како политички мотивиран и ги обвини медиумите и социјалните мрежи за ширење говор на омраза, што довело до атентатот.

    Премиерот беше застрелан одблиску. Еден куршум му поминал низ стомакот, а вториот погодил зглоб“, кажа Тараба.

    Властите сѐ уште официјално не го објавија идентитетот на напаѓачот, кој беше уапсен на самото место. Според непотврдени информации, станува збор за 71-годишен жител на село во централна Словачка, кој е писател и политички активист.

    Фицо беше застрелан пред локалниот центар за култура додека заминуваше од владина седница и нападот се случи на денот кога парламентот ја почна расправата за укинување на јавниот радиодифузен сервис РТВС, против што илјадници луѓе протестираа во изминатите недели.

    Фицо се врати на власт по изборите во септември, предводејќи популистичко-националистичка коалиција. Ова е неговиот четврти премиерски мандат досега.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира