ПРЕМИЕРКАТА НА БАНГЛАДЕШ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА И ИЗБЕГА ОД ЗЕМЈАТА ПО НАСИЛНИТЕ ПРОТЕСТИ ВО КОИ ЗАГИНАА 300 ЛУЃЕ

    ПРЕМИЕРКАТА НА БАНГЛАДЕШ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА И ИЗБЕГА ОД ЗЕМЈАТА ПО НАСИЛНИТЕ ПРОТЕСТИ ВО КОИ ЗАГИНАА 300 ЛУЃЕПротестите почнаа мирно кон крајот на јуни, но потоа станаа насилни (Фото: АП)

    Премиерката на Бангладеш, Шеик Хасина, поднесе оставка по 15 години на власт и избега од земјата, откако илјадници демонстранти го занемарија полицискиот час и упаднаа во нејзината резиденција. Информацијата ја потврдија од војската и од министерството за надворешни работи.

    Илјадници луѓе денеска влегоа во официјалната резиденција на Хасина во Дака, што беше кулминација на неколкунеделните насилни протести и судири со безбедносните сили. Се очекува шефот на војската генералот Вакер-уз-Заман денеска да ѝ се обрати на нацијата.

    Протестите почнаа мирно кон крајот на јуни со барање на студентите да се укине системот на квоти за државни вработувања, но станаа насилни откако демонстрантите се судрија со полицијата и провладините активисти на Универзитетот во Дака. Владата се обиде да ги скроти протестите со употреба на сила, полициски час и со исклучување на интернетот, при што загинаа повеќе од 300 луѓе, што доведе до барања за оставка на Хасина.

    Таа одлучи да се повлече откако во вчерашните судири загинаа речиси 100 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира