ПРЕСЕЧЕНИ ДВА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ КАБЛИ ВО БАЛТИЧКОТО МОРЕ, ГЕРМАНИЈА И ФИНСКА ВЕЛАТ ДЕКА СЕ ВОДИ ХИБРИДНА ВОЈНА

    ПРЕСЕЧЕНИ ДВА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ КАБЛИ ВО БАЛТИЧКОТО МОРЕ, ГЕРМАНИЈА И ФИНСКА ВЕЛАТ ДЕКА СЕ ВОДИ ХИБРИДНА ВОЈНАФинска кажа дека ќе бидат потребни околу 15 дена за да се поправи кабелот (Фото: Гети)

    Германија и Финска изразија длабока загриженост откако бил пресечен подморски телекомуникациски кабел што ги поврзува двете земји, што се случува среде засилените тензии со Русија.

    Нашата европска безбедност не е под закана само поради руската војна во Украина, туку и поради хибридното војување на злонамерни играчи“, соопштија двете држави.

    Паралелно со оштетувањето на овој 1.200 километри долг кабел, во неделата имало прекин на интернет врската помеѓу Литванија и шведскиот остров Готланд.

    Финскиот оператор за телекомуникации „Цинија“ соопшти дека бил пресечен кабелот со оптички влакна што се протега од Хелсинки до германскиот град Росток и дека ќе бидат потребни околу 15 дена за да се поправи.

    Инцидентот веднаш покрена сомнежи дека штетата намерно била предизвикана“, кажаа Финска и Германија.

    Литванија потврди дека бил пресечен уште еден кабел во Балтичкото Море, долг 218 километри, со кој шведската компанија „Арелион“ го пренесува интернет сообраќајот на најголемиот литвански интернет оператор „Телиа“.

    Од примарна важност е да се разјасни зошто моментално не работат два кабли во Балтичкото Море“, изјави шведскиот министер за цивилна заштита Карл-Оскар Болин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира