ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЕНЕЦУЕЛА ПРЕЖИВЕАЛ ОБИД ЗА АТЕНТАТ СО ДРОНОВИ И ЈА ОБВИНИ КОЛУМБИЈА ЗА НАПАДОТ

    ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЕНЕЦУЕЛА ПРЕЖИВЕАЛ ОБИД ЗА АТЕНТАТ СО ДРОНОВИ И ЈА ОБВИНИ КОЛУМБИЈА ЗА НАПАДОТМадуро при нападот бил заштитен со штитови отпорни на куршуми (Фото: АП)

    Претседателот на Венецуела Николас Мадура изјави дека преживеал обид за атентат со дронови што носеле експлозив. Тоа се случи додека тој држел говор на воен настан во Каракас.

    ТВ-снимките од настанот го прикажаа Мадуро како во еден момент погледнува нагоре, по што десетици војници почнуваат да бегаат.

    Мадуро ја обвини Колумбија за нападот, но Богота вели дека тоа е неосновано.

    „Воопшто не се сомневам дека колумбискиот претседател Сантос стои зад ова“, кажа Мадуро.

    Властите кажаа дека седуммина војници се повредени, а неколкумина подоцна биле и уапсени.

    Во моментот на нападот, Мадуро држел говор на церемонијата на која се одбележуваа 81 година постоење на националната војска.

    „Два дрона наполнети со експлозив поминаа блиску до главата на претседателот“, изјави министерот за комуникации Хорхе Родригес.

    Мадуро дополнително ѝ се обрати на нацијата.

    „Летечки објект експлодираше покрај мене, тоа беше голема експлозија. Неколку секунди подоцна се случи уште една експлозија“, кажа Мадуро, кој при нападот бил заштитен со штитови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира