ПРИФАЌАМ ДА ПРЕГОВАРАМ САМО СО ПУТИН, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ

    ПРИФАЌАМ ДА ПРЕГОВАРАМ САМО СО ПУТИН, КАЖА ЗЕЛЕНСКИЗеленски призна дека САД никогаш не ја сакале Украина во НАТО (Фото: АП)

    Володимир Зеленски изјави дека Владимир Путин е единствениот руски функционер со кој би се сретнал откако ќе се договори преговарачката рамка заедно со САД и европските лидери.

    Украинскиот претседател пристигна во Минхен за годишната Безбедносна конференција, на која што Русија не е поканета, наспроти најавите од Доналд Трамп дека тристраните мировни разговори за Украина ќе почнат уште денеска.

    Спремен сум да разговарам само со Владимир Путин за крајот на војната во Украина и тоа ќе се случи дури откако ќе се договори план со Трамп и европските лидери“, кажа Зеленски.

    Тој додаде дека Трамп му го дал неговиот личен телефонски број и му рекол дека може да му се јави во кое било време.

    Имав добар телефонски разговор со Трамп и ми кажа дека Путин сака да ја реши војната. Она што е важно е дека не смеат да се носат никакви одлуки за Украина без Украина“, кажа Зеленски.

    Тој призна дека САД никогаш не ја сакале Украина во НАТО.

    Тоа го нагласија и сега. Украина ќе мора двојно да ја зголеми својата војска ако не стане членка на НАТО. Ако не сме во НАТО, тогаш ќе направиме НАТО во Украина“, изјави Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира