ПРИГОЖИН ЌЕ ЗАМИНЕ ВО БЕЛОРУСИЈА И НЕМА ДА БИДЕ КРИВИЧНО ГОНЕТ ЗА ПОБУНАТА ПРОТИВ МОСКВА

    ПРИГОЖИН ЌЕ ЗАМИНЕ ВО БЕЛОРУСИЈА И НЕМА ДА БИДЕ КРИВИЧНО ГОНЕТ ЗА ПОБУНАТА ПРОТИВ МОСКВА„Вагнеровци“ почнале да се повлекуваат и од Ростов на Дон (Фото: АП)

    Шефот на „Вагнер“, Евгени Пригожин, ќе ја напушти Русија и обвиненијата против него ќе бидат отфрлени, откако тој се согласи да го запре походот на своите трупи кон Москва.

    Пригожин ќе замине во Белорусија, а обвиненијата против него ќе бидат отфрлени со цел да се спречи крвопролевање“, објавија руските медиуми.

    Во исто време, портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека сите борци на „Вагнер“ кои ќе потпишат договор со руското министерство за одбрана нема да бидат кривично гонети за учеството во денешната побуна против Москва.

    Најголемата безбедносна криза во Русија во последните децении почна откако илјадници „вагнеровци“ ноќеска преминаа од Украина во Русија и го окупираа Ростов на Дон, а потоа зазедоа и воени објекти во Воронеж на пат кон Москва. Иако целта на побуната била да се собори раководството на руската војска, Пригожин кажа дека не станува збор за пуч, додека Путин го обвини за велепредавство.

    Конвојот на „Вагнер“ бил на 200 километри пред Москва кога Пригожин објави дека го запира походот по разговорите со белорускиот лидер Александар Лукашенко. Руските медиуми објавија дека „вагнеровци“ почнале да се повлекуваат и од Ростов на Дон, кој беше во центарот на денешната побуна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира