ПРИГОЖИН СООПШТИ ДЕКА ЌЕ ГИ ПОВЛЕЧЕ ВОЈНИЦИТЕ НА ВАГНЕР ОД БАХМУТ

    ПРИГОЖИН СООПШТИ ДЕКА ЌЕ ГИ ПОВЛЕЧЕ ВОЈНИЦИТЕ НА ВАГНЕР ОД БАХМУТОсновачот на Вагнер Евгени Пригожин ги обвини Шојгу и Герасимов дека не му даваат муниција. (Фото: Телеграм)

    Лидерот на руската платеничка армија Вагнер Евгени Пригожин се закани дека ќе ги повлече своите војници од украинскиот град Бахмут до 10 мај поради недостиг на муниција. Оваа негова изјава доаѓа набрзо откако објави видео како шета меѓу загинати припадници на Вагнер, во кое што ги нападна министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на генералштабот Валери Герасимов дека намерно не му даваат муниција.

    Русија со месеци се обидува да го заземе Бахмут, и покрај неговата спорна стратешка вредност.
    „Шојгу, Герасимов, каде е муницијата? Тие дојдоа како доброволци и загинаа за вие да се дебелеете во вашите канцеларии со махагони“, кажа Пригожин во видеото со загинатите приватни војници.

    Во второто видео, Пригожин кажа дека се согласил неговите војници да останат во Бахмут до 10 мај за да не ја наруши прославата на 9 Мај – Денот на победата во Москва.

    Според него, на 10 мај неговите војници ќе им ги отстапат позициите во Бахмут на единиците на министерството за одбрана и ќе се повлечат од градот.

    Тој предвидува дека украинската офанзива ќе започне на 15 мај, бидејќи тенковите и артилеријата ќе можат да напредуваат на суво време, по последните пролетни дождови.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира