ПРИНЦОТ ЧАРЛС ПРИМИЛ ТОРБИ СО 3 МИЛИОНИ ЕВРА ВО КЕШ ОД КАТАРСКИ ШЕИК

    ПРИНЦОТ ЧАРЛС ПРИМИЛ ТОРБИ СО 3 МИЛИОНИ ЕВРА ВО КЕШ ОД КАТАРСКИ ШЕИКНа принцот Чарлс му биле дадени вкупно 3 милиони евра на средбите со шеикот Хамад бин Џасим бин Џабер Ал-Тани, поранешниот премиер на Катар. (Фото: Гети)

    Принцот од Велс прифатил торби во кои имало милиони евра во готовина за време на состаноците со висок катарски политичар, се вели во извештај oбјавен во „Сандеј тајмс“. Се вели дека на принцот Чарлс му биле дадени вкупно 3 милиони евра на средбите со шеикот Хамад бин Џасим бин Џабер Ал-Тани, поранешниот премиер на Катар.

    Готовината му била предадена на наследникот на британскиот трон во куфер во една прилика, во чанта во друга пригода, како и во кеси на „Фортнам &Мејсон“, стоковната куќа која има кралски налог за снабдување на домаќинството на принцот со намирници. Се тврди дека предавањата се случиле за време на состаноци меѓу принцот и премиерот, вклучително и приватна средба еден на еден во неговата резиденција Кларенс хаус во 2015.

    Во соопштение, портпаролот на Кларенс хаус рече дека парите дадени за време на состанокот во 2015 „веднаш биле предадени на една од добротворните организации на принцот која ги исполнила соодветните договори и не увери дека се следени сите правилни процеси“.

    Куферот со готовината им бил даден на двајца советници на Чарлс за кои се вели дека рачно ги изброиле парите. Се вели дека помошниците на палатата побарале од Коутс, приватната банка која работи за кралското семејство, да ги собере парите. Секоја уплата била депонирана на сметките на добротворниот Фонд на Принцот од Велс. Нема сугестија дека плаќањата биле незаконски, објави денес „Сандеј тајмс“.

    Шеикот, еден од најбогатите луѓе во светот, беше наречен „човекот кој го купи Лондон“ откако го искористи своето богатство, како и неговото влијание врз фондот „Катар велт“, за да направи огромни инвестиции во Лондон, меѓу кои и во „Шард“, „Хародс“ и „Интерконтинентал Лондон парк лејн“. Тој е сопственик на еден од најбогатите светски фудбалски клубови, „Пари Сен Жермен“. Нема докази дека шеикот немал намера парите да одат во добротворната организација, а според весникот, тој бил недостапен за коментар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира