ПРИВРЕМЕНО ЗАТВОРЕН ОКТОБЕРФЕСТ ПОРАДИ ЕКСПЛОЗИЈА ВО МИНХЕН ВО КОЈА ЗАГИНА ЕДНО ЛИЦЕ

    ПРИВРЕМЕНО ЗАТВОРЕН ОКТОБЕРФЕСТ ПОРАДИ ЕКСПЛОЗИЈА ВО МИНХЕН ВО КОЈА ЗАГИНА ЕДНО ЛИЦЕПолицијата кажа дека нема опасност за јавноста (Фото: АП)

    Фестивалот на пивото Октоберфест ќе остане затворен до најмалку 17 часот денеска откако полицијата пронашла експлозивни направи во станбена зграда во северниот дел на Минхен, која се запалила, при што загинало едно лице. Полицијата кажа дека нема опасност за јавноста, иако специјалните сили спроведуваат истрага во област, каде што, според весникот „Билд“ и други медиуми, се слушнале истрели и експлозии.

    Според полицијата, станбената зграда намерно била запалена во семеен спор. Едно лице е пронајдено мртво, а по уште едно се трага. Специјалните сили биле повикани за да деактивираат замки поставени во зградата.

    „Моментално ги истражуваме сите можности. Се испитуваат можни врски со други локации во Минхен, вклучувајќи го и Октоберфест. Поради оваа причина, отворањето на фестивалскиот простор е одложено“, соопшти полицијата.

    Октоберфест ќе трае до 5 октомври, а од отворањето на 20 септември го посетиле над 3,5 милиони луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира