ПРОБЛЕМАТИЧНА БЕЗБЕДНОСНА НАДГРАДБА НА „ВИНДОУС“ ПРЕДИЗВИКА ХАОС ШИРУМ СВЕТОТ, НАСТРАДАА БАНКИ, АВИОКОМПАНИИ И МЕДИУМИ

    ПРОБЛЕМАТИЧНА БЕЗБЕДНОСНА НАДГРАДБА НА „ВИНДОУС“ ПРЕДИЗВИКА ХАОС ШИРУМ СВЕТОТ, НАСТРАДАА БАНКИ, АВИОКОМПАНИИ И МЕДИУМИНа аеродромот во Њу Делхи во Индија почнаа рачно да ги прикажуваат летовите. (Фото: Би-Би-Си)

    Голем ИТ прекин предизвика хаос ширум светот, а меѓу жртвите се банки, медиуми и авиокомпании. Илјадници летови беа откажани, со долги редици на аеродромите, а погодени беа и комуникациите.

    Според првичните информации, причина е пад на „Виндоус“ системите на „Мајкрософт“ поради, како што велат од американската компанија, надградба од трета страна.

    Станува збор за проблематична надградба на компанијата за сајбербезбедност „Краудстрајкт“. Оттаму потврдуваат дека работат на случајот и дека има проблем со „Виндоус“, но не и со „Мек“ и „Линукс“.

    „Краудстрајк активно работи со корисниците погодени од дефект најден во само една надградба на Виндоус хостови. Мек и Линукс хостовите не се зафатени. Ова не е безбедносен инцидент, ниту сајбернапад. Проблемот е идентификуван, изолиран и имплементирано е решение“, соопштија од „Краудстрајк“.

    Од „Мајкрософт“ рекоа дека се свесни за проблемот што ги зафати „Виндоус“ уредите и дека презема мерки за да се справи со последиците од прекинот.

    Во САД, големите авиокомпании откажуваа летови, поради проблем со комуникациите. „Американ Ерлајнс“, најголемата светска компанија според бројот на патници, за време на прекинот не дозволуваше ниту еден авион да полета и беше во постојан контакт со авионите во воздух.

    Меѓу погодените беше и „Рајанер“, најголемата европска авиокомпанија, која соопшти:

    „Потенцијални нарушувања ширум мрежата поради глобален прекин на системот на трета страна… Ги советуваме патниците да пристигнат на аеродромот три часа пред летот за да избегнат проблеми“.

    Во Британија, медиумите „Скај Њуз“ и „Си-Би-Би-Си“ имаа прекин, а проблеми имаше и со железницата и со Националниот фонд за здравство (НХС).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира