ПРОДАЖБИТЕ НА „МЕРЦЕДЕС-БЕНЦ“ СЕ НАМАЛИЛЕ ЗА 10% МИНАТАТА ГОДИНА

    ПРОДАЖБИТЕ НА „МЕРЦЕДЕС-БЕНЦ“ СЕ НАМАЛИЛЕ ЗА 10% МИНАТАТА ГОДИНАПроизводителот на автомобили имаше тешка 2025 година (Фото: ДПА)

    Слабото работење во Кина и американските царини влијаеја врз продажбите на „Мерцедес-Бенц“ минатата година, бидејќи продажбата на автомобили се намалила за 9%, а на комбиња за 11%, објави компанијата. Таа продала околу 2.160.000 автомобили и комбиња во 2025, што е намалување од 10% во однос на претходната година. Целосно електричните модели учествуваа со нешто помалку од еден во 10 автомобили.

    Во Кина, каде што „Мерцедес“ испорача речиси една третина од сите автомобили, падот беше особено изразен – 19%. Кинезите не трошат толку слободно како порано, а конкуренцијата од новите домашни компании нагло се зголеми.

    Во Германија, „Мерцедес“ остана на нивото од претходната година со продадени 213.200 возила, а во САД продаде околу 285.000 возила, 12% помалку од 2024.

    Производителот на автомобили имаше тешка 2025 година. Профитот во првите девет месеци се преполови на околу 3,88 милијарди евра. Приходите во овој период се намалија за 8%, на 98,5 милијарди евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира