ПРОДОЛЖУВАМЕ СО НАПАДИТЕ ВРЗ РУСКИТЕ РАФИНЕРИИ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ

    ПРОДОЛЖУВАМЕ СО НАПАДИТЕ ВРЗ РУСКИТЕ РАФИНЕРИИ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИУкраински дронови предизвикаа пожар во рафинеријата во Рјазан (Фото: Телеграм)

    Украина ќе продолжи со нападите врз руските рафинерии, изјави Володимир Зеленски, обвинувајќи ги САД дека ја повлекле клучната поддршка.

    „Украина ги ограничи ваквите напади три дена по налог на Вашингтон, додека Русија продолжи да ја напаѓа украинската енергетска инфраструктура. Готово е“, изјави тој за „Фајненшл тајмс“.

    Зеленски ги обвини САД дека го повлекле споделувањето на разузнавачки информации за да извршат притисок врз Киев целосно да ги прекине нападите и рече дека забавувањето на сателитските услуги на „Старлинк“ што ги користи украинската војска било намерно.

    „Американските колеги им кажаа на украинските функционери дека ако не ги запрете нападите, ќе ги блокираме разузнавачките информации“, изјави украинскиот лидер за „Фајненшл тајмс“.

    Тој претходно рече дека ќе го прифати таканареченото енергетско примирје објавено од Доналд Трамп во неделата, доколку и Русија се придржува до него. Зеленски ја обвини Русија дека го игнорирала предложениот договор и продолжила со нападите, оставајќи стотици илјади Украинци без струја. Кремљ никогаш не изјави дека се согласува со договорот.

    Зеленски сега понуди да ги запре нападите врз руската нафтена инфраструктура ако САД испорачаат повеќе ракети за воздушна одбрана „Патриот“. Украина страда од недостиг на вакви ракети зашто војната со Иран ги потроши залихите.

    „Не е моја работа да ги поправам односите помеѓу САД и Украина по настаните од изминатата недела. Ние не уништивме никаков однос“, рече Зеленски.

    Тој жестоко го критикуваше договорот за руски дизел, што Трамп го постигна со Русија, опишувајќи го како подарок за Путин и инвестиција во неговата војна против Украина.

    „Трамп има афинитет кон автократски лидери како Владимир Путин. Прашањето е кога ќе биде следниот договор? Можеби ќе биде за гас. Дефинитивно ќе биде за гас“, кажа Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира