Прославената американска планинарка Хилари Нелсон исчезна на осмиот највисок врв на светот откако паднала во длабока пукнатина додека се спуштала на скии. Таа и нејзиниот партнер Џим Морисон вчера го искачиле 8.163 метри високиот врв Манаслу во Непал, истиот ден кога во лавина загинало едно лице, а десетина биле повредени.
Официјални лица кажаа дека не биле во можност да организираат потрага поради лошо време.
Четириесет и деветгодишната Нелсон се лизнала и паднала во 600 метри длабока пукнатина во мразот, само 15 минути откако се искачила на врвот, изјавија очевидци. Морисон успеал безбедно да се врати во кампот.
Нелсон и Морисон важат за едни од најуспешните алпинисти и планински скијачи на светот, кои скијале од некои од највисоките и најопасни врвови. Во 2018, Нелсон стана првата личност која се спуштила на скии од Лотсе, четвртиот највисок врв на светот. Таа исто така беше првата жена која во период од 24 часа ги искачила и Монт Еверест и Лотсе.