Околу 10.000 луѓе маршираа низ Букурешт и други романски градови како протест против владиниот предлог илјадници затвореници да бидат помилувани, потег што според критичарите ќе ја уназади борбата против корупцијата.
Демонстраните се собраа на Универзитетскиот плоштад и ја нарекоа владејачката Социјал демократска партија „црвена чума“. Потоа маршираа по Плоштадот на победата, каде се наоѓа седиштето на владата. Премиерот Сорин Гриндеани побара донесување итна мерка на владата со која ќе се помилуваат затвореници за да се намали пренатрупаноста во затворите.
Денеска, тој кажа дека протестите биле „политизирани“ и го критикуваше претседателот Клаус Јоанис, кој учествуваше на сличен протест минатата недела. Критичарите на предлогот велат дека корист ќе имаат сојузниците на владејачката партија осудени за корупција. Романскиот јавен обвинител, исто така, го критикуваше предлогот.