ПРОТЕСТИТЕ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ВО СЕКОЈ ГРАД СÈ ДОДЕКА ИМАМОГЛУ НЕ БИДЕ ОСЛОБОДЕН, ВЕЛИ ТУРСКАТА ОПОЗИЦИЈА

    ПРОТЕСТИТЕ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ВО СЕКОЈ ГРАД СÈ ДОДЕКА ИМАМОГЛУ НЕ БИДЕ ОСЛОБОДЕН, ВЕЛИ ТУРСКАТА ОПОЗИЦИЈАОд апсењето на Имамоглу пред седум дена, низ Турција се одржуваат најголемите протести во последните десетина години (Фото: ЕПА)

    Озгур Озел, лидерот на главната турска опозициска партија Републиканска народна партија (ЦХП), кажа дека протестите ќе продолжат во секој град сѐ додека не бидат распишани предвремени претседателски избори или додека затворениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, не биде ослободен. Тој најави дека за оваа сабота се планирани многу големи демонстрации во Истанбул, кои ќе го означат почетокот на кампањата за претседателските избори во 2028, на кои Имамоглу треба да биде кандидат на ЦХП.

    „Во секој град во кој одиме ќе ги имаме најголемите собири во нивната историја. Вербата во Екрем Имамоглу и во демократијата ќе ги направи протестите поголеми и посилни“, рече Озел.

    Од апсењето на Имамоглу пред седум дена, низ Турција се одржуваат најголемите протести во последните десетина години. Притоа биле уапсени над 1.400 луѓе, вклучувајќи седуммина новинари кои известувале од протестите.

    Претседателот Реџеп Таип Ердоган ги осуди демонстрантите како улични терористи и ги обвини дека ја напаѓаат полицијата и уништуваат јавен имот.

    Имамоглу беше приведен минатата среда заедно со уште стотина политичари, бизнисмени и новинари, а формално беше уапсен викендов, кога беше обвинет за „основање и водење на криминална организација, земање поткуп, изнуда, незаконско снимање лични податоци и за местење тендер“. Тој е суспендиран од градоначалничката функција и останува во притвор во очекување на судење. И покрај апсењето, Имамоглу може да се кандидира за претседател на Турција, но ако биде осуден за кое било од обвиненијата, тоа нема да биде можно.

    Озел го опиша апсењето на Имамоглу како пуч и смета дека целта е да се спречи да стане иден претседател на Турција. Опозицијата верува дека одговорот на турското општество и меѓународната заедница ќе биде клучен во одлучувањето дали Имамоглу ќе остане зад решетки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира