ПРВ ОБИД ЗА ЕВАКУАЦИЈА НА ЦИВИЛИТЕ ОД СЕВЕРОДОЊЕЦК, РУСИЈА ГИ ПОВИКА УКРАИНСКИТЕ БОРЦИ ДА СЕ ПРЕДАДАТ

    ПРВ ОБИД ЗА ЕВАКУАЦИЈА НА ЦИВИЛИТЕ ОД СЕВЕРОДОЊЕЦК, РУСИЈА ГИ ПОВИКА УКРАИНСКИТЕ БОРЦИ ДА СЕ ПРЕДАДАТСе верува дека во градот се останати уште 12.000 цивили (Фото: Гети)

    Руската војска кажа дека ќе им дозволи на цивилите да излезат од Северодоњецк, отворајќи хуманитарен коридор што ќе трае 12 часа. Градот е практички отсечен од остатокот на Украина откако Русите ги уништиле сите три моста преку реката Сиверски Доњец, додека локалните власти велат дека и натаму постојат опции за излез.

    Гувернерот на Луганск, Серхиј Гајдај, кажа дека околу 500 цивили, вклучувајќи 40 деца, се кријат во подземните засолништа на хемиската фабрика „Азот“.

    Бомбардирањето на фабриката стана толку силно што луѓето веќе не можат да останат во засолништата“, кажа Гајдај.

    Се верува дека во градот кој порано имал 100.000 жители се останати уште 12.000 цивили. Рускиот генерал-полковник Михаил Мизинцев вети дека на цивилите ќе им биде дозволено да излезат од градот, додека украинските борци мора да се предадат.

    Вакви коридори речиси секојдневно се отвораа за време на опсадата на Мариупол, но слабо функционираа.

    Според последниот британски извештај, Русите сега контролираат најголем дел од Северодоњецк, додека украинските бранители се стационирани во фабриката „Азот“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира