ПРВАТА ВАКЦИНА СО ЕДНА ДОЗА ДАВА ДОБРА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19, ОБЈАВИ „ЏОНСОН ЕНД ЏОНСОН“

    ПРВАТА ВАКЦИНА СО ЕДНА ДОЗА ДАВА ДОБРА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19, ОБЈАВИ „ЏОНСОН ЕНД ЏОНСОН“Компанијата во рок од една недела ќе побара итно одобрување за вакцината во САД (Фото: АП)

    Првата вакцина против ковид-19 за која треба само една доза обезбедува добра заштита од болеста, објави американската компанија „Џонсон енд Џонсон“, давајќи му потенцијално важна нова алатка на светот додека се шират нови и попреносливи мутации на вирусот.

    Прелиминарните откритија на фармацевтскиот гигант сугерираат дека опцијата со една доза можеби не е така силна како формулите со две дози на „Фајзер“ и „Модерна“ и е доста послаба против загрижувачката мутација на коронавирусот која потекна од Јужна Африка. Сепак, во услови кога имунизацијата имаше тежок почеток, оваа вакцина би можела да го забрза процесот и е полесна за складирање, зашто може со месеци да се чува во фрижидер.

    „Искрено, поедноставно е поубаво. Коцкањето со една доза се покажа вредно“, вели Мет Хепберн, лидерот на владиниот тим за борба против ковид-19.

    „Џонсон енд Џонсон“ најави дека во рок од една недела ќе побара итно одобрување за нејзина употреба во САД. Вакцината со една доза била тестирана на 44.000 луѓе во САД, Јужна Америка и Јужна Африка, при што покажала заштита од 66% против благи и сериозни симптоми на ковид-19, односно 85% против најсериозните симптоми, без да има несакани ефекти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира