ПРВИ СУДИРИ СО МАСК ВО ВЛАДАТА НА ТРАМП, МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ ГО ОБВИНИ ДЕКА САКАЛ ДА ГИ ОТПУШТИ СИТЕ КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ

    ПРВИ СУДИРИ СО МАСК ВО ВЛАДАТА НА ТРАМП, МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ ГО ОБВИНИ ДЕКА САКАЛ ДА ГИ ОТПУШТИ СИТЕ КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕПо френетичните први недели од својот втор мандат, Трамп најави дека е спремен да го ограничи Маск во неговите овластувања (Фото: Њујорк тајмс)

    Во владата на Доналд Трамп се појавиле први незадоволства од работата на Илон Маск, кој го води Одделот за владина ефикасност. Државниот секретар Марко Рубио влегол во конфликт со Маск, кој почнал откако неговиот тим ја растури Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), која сега е под контрола на Рубио. „Њујорк тајмс“ објави дека тие директно се судриле на вонреден состанок на кабинетот одржан во четвртокот, на кој присуствувале Трамп и уште 20-ина други.

    Маск го обвинил Рубио дека досега никого не отпуштил, на што тој му возвратил дека повеќе од 1.500 службеници во Стејт департментот веќе се согласиле да земат отпремнина. Рубио исто така ги изложил своите планови за реорганизација на Стејт департментот, по што бил пофален од Трамп дека добро си ја врши работата.

    Многу е зафатен, цело време патува и е на телевизија, а има и агенција за водење. Затоа мора сите да работиме заедно“, рекол Трамп во одбрана на Рубио.

    Пред да се случи судирот со Рубио, министерот за транспорт Шон Дафи се пожалил дека од тимот на Маск се обидуваат да ги отпуштат сите контролори на летање.

    Што треба да правам? Се занимавам со неколку авионски несреќи, а вашите луѓе бараат од мене да ги отпуштам контролорите на воздушниот сообраќај“, рекол Дафи.

    Министерот додал дека на крајот никој не бил отпуштен зашто тој го спречил тоа. Дафи го демантирал Маск дека во контролните кули работат луѓе вработени според програмите за различност, еднаквост и инклузија.

    По френетичните први недели од својот втор мандат, Трамп најави дека е спремен да го ограничи Маск во неговите овластувања, чии напори станаа предмет на неколку тужби и предизвикаа загриженост кај републиканските пратеници, од кои некои се пожалиле директно кај претседателот. Трамп вчера кажа дека следната фаза од неговиот план за кратење на федералната администрација ќе биде спроведен со скалпел, а не со секира, што беше јасна алузија на жестокиот пристап на Маск.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира