ПРВО МУ ГИ ОТСЕКЛЕ ПРСТИТЕ, ПА ГЛАВАТА, А ПОТОА МУ ГО РАСПАРЧИЛЕ ТЕЛОТО – ТУРЦИЈА ОБЈАВИ ДЕТАЛИ ЗА УБИСТВОТО НА НОВИНАРОТ КАШОГИ

    ПРВО МУ ГИ ОТСЕКЛЕ ПРСТИТЕ, ПА ГЛАВАТА, А ПОТОА МУ ГО РАСПАРЧИЛЕ ТЕЛОТО – ТУРЦИЈА ОБЈАВИ ДЕТАЛИ ЗА УБИСТВОТО НА НОВИНАРОТ КАШОГИЏавад Кашоги наводно бил пречекан од тим од 15-мина саудиски агенти кога дошол во конзулатот на 2 октомври (Фото: Ројтерс)

    Џамал Кашоги бил пречекан од неговите убијци кога влегол во саудискиот конзулат во Истанбул пред две недели. Тие му ги отсекле прстите, потоа и главата, по што телото му го исекле во парчиња.

    Ова се деталите за убиството на колумнистот на „Вашингтон пост“, за кои се дознало од аудиоснимките, до кои дошле турски официјални лица.

    Оттаму се дознава дека тој бил мртов по само неколку минути, а два часа подоцна, неговите убијци избегале.

    Протекувањето на овие информации се совпадна со посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео на Турција, која со тоа продолжи да врши силен притисок врз Саудиска Арабија да го признае убиството на Кашоги, познат критичар на тамошната власт.

    Саудијците сѐ уште немаат дадено објаснување за исчезнувањето на Кашоги, 15 дена откако тој влегол во конзулатот и никогаш не излегол оттаму.

    Според сознанијата на Турција, Кашоги бил пречекан од тим од 15-мина саудиски агенти кога дошол на 2 октомври. Тие веднаш почнале да го тепаат и мачат, при што прво му ги отсекле прстите.

    „Ако го направите тоа внатре, ќе ми направите проблем“, рекол саудискиот конзул Ал-Отаиби.

    Телото на Кашоги потоа било распарчено, откриваат деталите објавени во весникот „Јени шафак“, а на убијците им помагал и форензичар, кој им давал совети како да се ослободат од деловите од телото.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира