ПУТИН ГО СМЕНИ ЗАПОВЕДНИКОТ НА РУСКИТЕ СИЛИ ВО УКРАИНА, ГЕНЕРАЛОТ СУРОВИКИН

    ПУТИН ГО СМЕНИ ЗАПОВЕДНИКОТ НА РУСКИТЕ СИЛИ ВО УКРАИНА, ГЕНЕРАЛОТ СУРОВИКИН„Специјалната воена операција“ отсега ќе ја предводи генералот Валери Герасимов (Фото: Гети)

    Владимир Путин по само три месеци го смени заповедникот на руските сили во Украина, генералот Сергеј Суровикин. На негово место е назначен генералот Валери Герасимов, шефот на генералштабот на руската војска, кој отсега ќе ја предводи „специјалната воена операција“, која почна пред повеќе од десет месеци и досега не ги постигна очекуваните резултати. 

    Смената следува во периодот кога Русите велат дека напредуваат во источна Украина по неколку месеци воени неуспеси и се пред освојување на рударското гратче Соледар. 

    Герасимов е најдолговечниот шеф на генералштабот на руската војска во постсоветското време, откако дојде на оваа функција во 2012. Суровикин, кој е познат по прекарот Генерал Армагедон поради своите брутални воени тактики, е деградиран во негов заменик.

    Набргу по неговото назначување за заповедник на руските сили во Украина во октомври, Русија почна со ракетирањата на украинската цивилна инфраструктура, но тој исто така го нареди повлекувањето од градот Херсон.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира