ПУТИН МУ ПРЕДЛОЖИ НА ЕРДОГАН РУСКИОТ ГАС ДА СЕ ИЗВЕЗУВА ВО ЕУ ПРЕКУ ТУРЦИЈА

    ПУТИН МУ ПРЕДЛОЖИ НА ЕРДОГАН РУСКИОТ ГАС ДА СЕ ИЗВЕЗУВА ВО ЕУ ПРЕКУ ТУРЦИЈАПутин и Ердоган се сретнаа денеска во Казахстан (Фото: Гети)

    Владимир Путин му кажа на Реџеп Таип Ердоган дека Турција е најсигурниот пат за испорачување гас во Европска Унија и предложи таму да се изгради она што го нарече центар за снабдување. Двајцата лидери се сретнаа денеска во Астана, Казахстан.

    Предлогот следува додека Русија сака да ја задржи својата енергетска поддршка на Европа, додека истовремено се обидува да ги пренасочи испораките од гасоводите Северен тек, кои не се во функција, а неодамна беа и тешко оштетени. Досега не е утврдено кој е одговорен за тоа.

    „Овој центар, што заедно би го создале, би бил платформа не само за снабдување, туку и за одредување цени, бидејќи прашањето на цените е многу важно. Денес цените вртоглаво растат и лесно би можеле да ги регулираме на нормално пазарно ниво“, му рекол Путин на Ердоган.

    Турскиот претседател досега јавно не ја коментирал оваа идеја, што Путин првпат ја спомна вчера. Од почетокот на војната во Украина, Ердоган се обидува да ја преземе улогата на посредник, па со негова помош беше постигнат договор за извоз на блокираното украинско жито.

    На денешниот состанок, Путин се пожали дека најсиромашните земји добиваат недоволни количества од ова жито.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира