ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ НА РУСКИТЕ НУКЛЕАРНИ СИЛИ ПО ОТКАЖУВАЊЕТО НА СРЕДБАТА СО ТРАМП

    ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ НА РУСКИТЕ НУКЛЕАРНИ СИЛИ ПО ОТКАЖУВАЊЕТО НА СРЕДБАТА СО ТРАМПНа вежбите биле лансирани интерконтинентални балистички ракети (Фото: АП)

    Владимир Путин нареди вежби на стратешките нуклеарни сили на земјата, кои вклучуваат лансирање проектили, откако беше откажана неговата средба со Доналд Трамп во Будимпешта.

    Кремљ соопшти дека вежбите ги опфаќаат сите делови од нуклеарната тријада на Москва, па од полигонот во Плесецк во северозападна Русија била лансирана интерконтинентална балистичка ракета „јарс“, а од подморница во Баренцовото Море била испукана интерконтинентална балистичка ракета „синева“. Во вежбите учествуваат и стратешки бомбардери „ту-95“, кои истрелале крстосувачки ракети со долг дострел.

    На вежбите се тестираат вештините на воените заповедни структури“, кажа Кремљ.

    Шефот на генералштабот на руската војска Валери Герасимов му се обрати на Путин преку видеоврска, при што кажа дека вежбите имаат за цел да се тестираат процедури за овластување на употреба на нуклеарно оружје.

    Иако Путин нагласи дека маневрите биле планирани порано, тие почнаа набргу откако Трамп изјави дека неговиот план за средба со рускиот претседател во Будимпешта е одложен бидејќи „не сака тоа да биде губење време“. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, кажа дека планираниот самит Путин-Трамп треба да биде детално подготвен.

    Никој не сака да губи време, ниту претседателот Трамп, ниту претседателот Путин. Тие се навикнати да работат ефикасно со висока продуктивност. Но, ефективноста секогаш бара подготовка“, кажа Песков.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира