ПУТИН НАРЕДИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА РУСКАТА ВОЈСКА НА 1,5 МИЛИОНИ ВОЈНИЦИ, САМО КИНА ЌЕ ИМА ПОГОЛЕМА

    ПУТИН НАРЕДИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА РУСКАТА ВОЈСКА НА 1,5 МИЛИОНИ ВОЈНИЦИ, САМО КИНА ЌЕ ИМА ПОГОЛЕМАОва е третпат Путин да го зголемува обемот на руската војска откако ја почна инвазијата на Украина (Фото: ТАСС)

    Владимир Путин нареди зголемување на регуларната руска војска за дополнителни 180.000 војници, со што таа ќе има 1,5 милиони активни припадници и ќе биде втора најголема на светот, зад кинеската.

    Со указот што вчера го објави Кремљ, Путин нареди вкупниот обем на вооружените сили да биде зголемен на 2,38 милиони луѓе, од кои 1,5 милиони би требало да бидат во активна служба. Според податоците на Меѓународниот институт за стратешки истражувања, Русија со ваквото зголемување ќе ги надмине САД и Индија во бројот на активни борбени војници и ќе биде само зад Кина, која има нешто повеќе од два милиона активни воени припадници.

    Ова е третпат Путин да го зголемува обемот на руската војска откако ја почна инвазијата на Украина во февруари 2022 и доаѓа додека руските сили напредуваат во источна Украина и се обидуваат да ги истераат украинските сили од Курск.

    Зголемувањето на бројот на активни војници е дел од планот за реконструкција на вооружените сили и нивно постепено зголемување за да одговара на актуелната меѓународна ситуација и однесувањето на нашите поранешни странски партнери. На пример, сега треба да формираме нови структури и воени единици за да ја осигураме безбедноста на северозападот на Русија, бидејќи Финска, со која граничиме, се приклучи кон НАТО.“, изјави Андреј Картаполов, шефот на комитетот за одбрана во рускиот парламент.

    Во претходните два наврата, Путин ја зголеми руската војска за 137.000, односно за 170.000 припадници, а покрај тоа, во септември и октомври 2022 нареди мобилизација на 300.000 војници. Кремљ вели дека засега нема планови за нови мобилизации, туку продолжуваат да се потпираат на доброволци кои се пријавуваат за војната во Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира