ПУТИН ОБЈАВИ ДЕКА РУСИЈА ЈА НАПАДНАЛА УКРАИНА СО НОВ БАЛИСТИЧКИ ПРОЕКТИЛ СО СРЕДЕН ДОСТРЕЛ

    ПУТИН ОБЈАВИ ДЕКА РУСИЈА ЈА НАПАДНАЛА УКРАИНА СО НОВ БАЛИСТИЧКИ ПРОЕКТИЛ СО СРЕДЕН ДОСТРЕЛПутин кажа дека мета бил воено-индустриски комплекс во Днипро (Фото: АП)

    Русија лансираше балистички проектил со среден дострел во денешниот напад врз воен објект во Днипро, како одговор на неодамнешните украински удари со западни проектили со долг дострел, објави Владимир Путин. Тој откри дека новото оружје има кодно име „орешник“.

    Како одговор на употребата на американски и британски оружја со долг дострел, руските вооружени сили изведоа комбиниран напад врз еден украински воено-индустриски комплекс. Во борбени услови, ова беше пробно лансирање на еден од најновите руски проектили со среден дострел. Во овој случај, ненуклеарна хиперсонична верзија на балистички проектил. Тестот беше успешен. Метата беше погодена“, кажа Путин вечерва.

    Тој додаде дека Русија е спремна на секаков развој на настаните.

    Ако некој се сомневал, не би требало. Секогаш ќе има одговор. Последните напади врз Брјанск и Курск покажуваат дека конфликтот сега добил глобални елементи“, рече рускиот лидер.

    Путин кажа дека западните држави нема да бидат во можност да пресретнуваат проектили како новоразвиениот „орешник“.

    Овие проектили ја напаѓаат метата со брзина од 2,5-3 километри во секунда“, откри Путин и предупреди дека Русија може да гаѓа воени објекти во секоја држава чии оружја се користат против неа.

    Украина првично тврдеше дека Русија лансирала интерконтинентален балистички проектил, што беше оспорено од западни функционери и експерти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира