ПУТИН ОДИ ВО КИНА НЕКОЛКУ ДЕНА ПО ПОСЕТАТА НА ТРАМП

    ПУТИН ОДИ ВО КИНА НЕКОЛКУ ДЕНА ПО ПОСЕТАТА НА ТРАМППутин последен пат ја посети Кина во 2025, кога потпиша неколку договори со Шји (Фото: ДПА)

    Владимир Путин ќе биде во официјална посета на Кина на 19 и 20, потврди Кремљ, само неколку дена откако Шји Џинпинг го нагости Доналд Трамп. Патувањето на рускиот претседател со совпаѓа со 25-годишнината на Договорот за добрососедство и пријателска соработка помеѓу Русија и Кина, кој служи како основа за односите помеѓу двете земји.

    Путин и Шји ќе разговараат за актуелни билатерални прашања и начини за понатамошно зајакнување на сеопфатното партнерство и стратешката соработка помеѓу Руската Федерација и Народната Република Кина и ќе разменат мислења за клучни меѓународни и регионални прашања“, соопшти Кремљ.

    Путин последен пат ја посети Кина во 2025, кога потпиша неколку договори со Шји, што ги зајакнаа економските врски во области како што се енергетика и технологија. Кина е најголемиот трговски партнер на Русија, која го префрли својот економски фокус кон Азија по западните санкции поради целосната инвазија врз Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира