Рускиот претседател Владимир Путин продолжува да инсистира дека Украина е создадена од Советскиот сојуз и дека не постоела претходно. Овојпат, тој покажа француска мапа до 17. век, од времето на кралот Луј 16, според видеото објавено од Кремљ, од посетата на претседателот на Уставниот суд Валери Зоркин.
Зоркин му донесе на Путин копија од мапата и рече дека му донел да покаже дека таму нема Украина, само Полско-Литванскиот комонвелт, Козакија и Кралството Москва.
Путин му одговори: „Тоа е општо познато“.
„Овие територии биле едноставно дел од Полско-Литванскиот комонвелт и потоа тие побарале да станат дел од Кралството Москва… И дури подоцна, по Октомвриската револуција, таа квазидржава почнала да се формира. Советската влада ја создаде Советска Украина. Никогаш немало никаква Украина во историјата на човештвото до таа точка“, анализираше Путин.
Путин често прави вакви историски анализи, тврдејќи дека Украина е измислена нација. Во септември 2022 година, тој го кажа тоа на средба со ученици.