ПУТИН ПОВИКА НОВИ 160.000 РЕГРУТИ ВО РУСКАТА ВОЈСКА, НАЈМНОГУ ОД 2011

    ПУТИН ПОВИКА НОВИ 160.000 РЕГРУТИ ВО РУСКАТА ВОЈСКА, НАЈМНОГУ ОД 2011Путин кажа дека Русија би требала да ја зголеми својата војска на 2,39 милиони војници (Фото: Кремљ)

    Владимир Путин повика нови 160.000 регрути на возраст од 18 до 30 години, што е најголема бројка од 2011 година, додека Русија презема чекори за зголемување на својата војска.

    Пролетната регрутација за едногодишниот воен рок доаѓа неколку месеци откако Путин кажа дека Русија би требала да ја зголеми својата војска на вкупни 2,39 милиони војници, од кои 1,5 милиони би биле во активна служба.

    Вицеадмиралот Владимир Цимљански изјави дека новите регрути нема да бидат испратени да се борат во Украина. Сепак, има извештаи за регрути кои загинале во борбите во руските погранични региони.

    Новата мобилизација ќе се одвива од април до јуни. Русија повикува регрути во пролет и во есен, но новата бројка е поголема за 10.000 војници во споредба со истиот период лани.

    Од почетокот на минатата година, горната возрасна граница за регрутирање беше зголемена од 27 на 30 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира