ПУТИН СЕ СОГЛАСИ ДА НЕ ЈА НАПАЃА УКРАИНА ЕДНА НЕДЕЛА ЗАШТО Е МНОГУ СТУДЕНО, КАЖА ТРАМП

    ПУТИН СЕ СОГЛАСИ ДА НЕ ЈА НАПАЃА УКРАИНА ЕДНА НЕДЕЛА ЗАШТО Е МНОГУ СТУДЕНО, КАЖА ТРАМПКиев се соочува со најголемата енергетска криза од почетокот на војната (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека Владимир Путин го прифатил неговото барање да не ги напаѓа Киев и другите украински градови една недела. Тој не појасни кога и како му го испратил ова барање на Путин и кога би почнало краткото примирје.

    Лично го замолив Путин да не ги напаѓа Киев и другите украински градови и места една недела зашто Украинците моментално се соочуваат со многу ниски температури. И тој се согласи со тоа, што е многу убаво“, кажа Трамп на состанок во својот кабинет.

    Руските сили последен пат го нападнаа Киев ноќта на 28 јануари, што беше продолжение на серијата напади врз енергетската инфраструктура на Украина, што ја предизвика најголемата енергетска криза во земјата од почетокот на војната.

    Москва и Киев досега не ги потврдија шпекулациите дека се согласиле да не ја напаѓаат енергетската инфраструктура на другата земја. Украинските медиуми велат дека за ова наводно се разговарало на средбата Украина-Русија-САД во Абу Даби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира