ПУТИН СЕ СПОРЕДИ СО ПЕТАР ВЕЛИКИ ЗАШТО И ТОЈ ВОДЕЛ ВОЈНА ЗА ВРАЌАЊЕ НА РУСКИТЕ ЗЕМЈИ

    ПУТИН СЕ СПОРЕДИ СО ПЕТАР ВЕЛИКИ ЗАШТО И ТОЈ ВОДЕЛ ВОЈНА ЗА ВРАЌАЊЕ НА РУСКИТЕ ЗЕМЈИПутин постојано се обидува да ја оправда својата војна во Украина (Фото: ЕПА)

    Владимир Путин му оддаде признание на царот Петар Велики на 350-годишнината од неговото раѓање, повлекувајќи паралела помеѓу сегашните случувања во Украина и неговата војна за враќање на руските земји.

    Петар Велики ја водел големата северна војна 21 година. Иако изгледа дека тој војувал со Шведска и земал нешто од неа, тој само вратил она што е руско“, кажа Путин на отворањето на изложбата посветена на големиот руски цар.

    На 106. ден од војната во Украина, тој ја спореди кампањата на Петар со актуелните руски воени операции.

    Очигледно, сега и ние треба да го вратиме она што ѝ припаѓа на Русија и да ја зацврстиме земјата. Ако тргнеме од фактот дека овие основни вредности ја формираат основата на нашето постоење, несомнено ќе успееме да ги решиме задачите со кои се соочуваме“, кажа рускиот претседател.

    Петар Велики владеел 43 години и наредил новиот главен град на Русија, Санкт Петербург, да се изгради на земјата што ја одзел од Шведска. Санкт Петербург е и родниот град на Путин.

    Тој постојано се обидува да ја оправда својата војна во Украина, наметнувајќи историски поглед дека таа нема вистински национален идентитет, ниту традиција на државност.

    Во јули 2021, Кремљ објави есеј на Путин, во кој тврдеше дека Русите и Украинците се еден народ, вештачки поделени, што послужи како основа за распоредување на илјадници руски војници покрај границата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира