ПУТИН ВЕЛИ ДЕКА НА РУСИЈА НЕ Ѝ СЕ БРЗА ВО УКРАИНА

    ПУТИН ВЕЛИ ДЕКА НА РУСИЈА НЕ Ѝ СЕ БРЗА ВО УКРАИНАПутин вели дека кажа дека целта на кампањата е „ослободување на целата територија на Донбас“. (Фото: Кремљ)

    Рускиот претседател Владимир Путин вели дека нема планови да се прилагодат воените операции на Русија во Украина и покрај украинската контраофанзива и додаде декa Москва не се брза да ја заврши кампањата.

    „Планот не е предмет на прилагодување“, кажа Путин пред новинарите на самит во Узбекистан.

    „Нашите офанзивни операции во Донбас не запираат. Тие одат со бавно темпо, руската армија окупира нови и нови територии. Не се брзаме, нема промени“, вели Путин.

    Путин кажа дека Русија не се бори со целата армија, туку само со професионални војници и кажа дека целта на кампањата е „ослободување на целата територија на Донбас“.

    Украинската војска минатата недела успешно спроведе голема контраофанзива и го ослободи речиси целиот регион Харкив, а напредуваше и во регионот Донецк. Украина сега повторно ги контролира поголемите градови Балаклија, Изјум, Вовчанск и Купјанск и се приближи до градовите Лисичанск и Севернодонецк во регионот Луханск, од каде што се повлече по тешки неколкумесечни борби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира