„РАЈАНЕР“ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ЈА ОТКАЖЕ НАРАЧКАТА НА 330 АВИОНИ „БОИНГ“ ПОРАДИ ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП И ЌЕ КУПИ КИНЕСКИ

    „РАЈАНЕР“ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ЈА ОТКАЖЕ НАРАЧКАТА НА 330 АВИОНИ „БОИНГ“ ПОРАДИ ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП И ЌЕ КУПИ КИНЕСКИ„Рајанер“ вели дека можеби ќе биде принуден да разгледа алтернативни решенија (Фото: Гети)

    Авиокомпанијата „Рајанер“ се закани дека ќе ја откаже нарачката на стотици авиони „боинг“ поради царините наметнати од Доналд Трамп и дека ќе разгледа алтернативни решенија, како кинескиот производител „КОМАК“. „Рајанер“ претходно нарача 330 авиони „боинг 737 макс“, вредни повеќе од 30 милијарди долари.

    Ако американската влада продолжи со својот лошо проценет план на наметнување царини и ако тие царини го поскапат увозот на авионите на ‘Боинг‘ во Европа, тогаш сигурно ќе ги преиспитаме нашите нарачки и можеби ќе купуваме на друго место“, изјави извршниот шеф на „Рајанер“, Мајкл О‘Лири.

    Сепак, со оглед на тоа што „КОМАК“ се уште нема дозвола за продажба во Европа, а „Ербас“ е распродаден до крајот на деценијата, „Рајанер“ можеби нема да биде во можност да ја реализира својата закана, кажа еден извор од авиоиндустријата.

    О‘Лири кажа дека досега немале разговори со „КОМАК“ за купување авиони, но оваа опција ќе биде разгледана ако тие се 10-20% поевтини од авионите на „Ербас“, кој е главен ривал на „Боинг“.

    Досега ниедна европска авиокомпанија не купила авиони од „КОМАК“, која има побарано одобрение за својот модел „Ц919“ во Европа, не и во САД. Тие се нешто помали од авионите на „Боинг“ што „Рајанер“ ги користи во моментов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира