РАМУШ ХАРАДИНАЈ – ПРЕМИЕР НА КОСОВО, ИЗГЛАСАНА НОВАТА ВЛАДА

    РАМУШ ХАРАДИНАЈ – ПРЕМИЕР НА КОСОВО, ИЗГЛАСАНА НОВАТА ВЛАДАНовоизбраниот премиер Рамуш Харадинај позира со сопругата Анита Харадинај - (Фото: Ројтерс)

    Во парламентот на Косово беше изгласана нова Влада, предводена од лидерот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај. Владата ја поддржаа партијата на Харадинај, Демократската партија на Кадри Весели, Иницијативата за Косово на Фатмир Лимај, Алијансата за Ново Косово на Беџет Пацоли, пратеничката група на Србите и онаа на немнозинските етнички заедници.

    Пред гласањето салата ја напуштија пратениците на екстремно националистичкото движење „Самоопределување“ и Демократскиот сојуз.

    Во кабинетот на премиерот Рамуш Харадинај, прв потпретседател на Владата и шеф на дипломатијата е милијардерот Беџет Пацоли, потпретседатели се Енвер Хоџај, Фатмир Лимај, Далибор Јевтиќ, кој ќе биде и министер за враќање на раселените и за заедниците и Дардан Гаши, кој ќе биде задолжен за дијаспората и за привлекување инвестиции.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира