РАНЕТИ УКРАИНСКИ ВОЈНИЦИ НАЈДОА ПРИБЕЖИШТЕ ВО ГРЧКИТЕ МАНАСТИРИ НА СВЕТА ГОРА

    РАНЕТИ УКРАИНСКИ ВОЈНИЦИ НАЈДОА ПРИБЕЖИШТЕ ВО ГРЧКИТЕ МАНАСТИРИ НА СВЕТА ГОРААтос е духовен дом на православната црква уште од византиско време. (Фото: Ројтерс)

    Украински војници пристигнаа во Грција со траги од војна, еден со лузна на главата, друг со две ампутирани нозе над колената, некои со невидливи ментални рани од тригодишниот конфликт во нивната татковина. 22-цата војници патуваа со автобус над 1.000 километри од украинскиот град Лвив до манастир на полуостровот Атос (Света Гора) во северна Грција, со надеж дека ќе избегаат од сеќавањата на бојното поле.

    Станува збор за програма за психолошка поддршка организирана од украинската влада.

    „Многу војници патат од настаните кои што се случија изминатите три години. Многу од нив имаат разни проблеми, тие се ранети и ние треба да ги рехабилитираме“, вели украинскиот православен свештеник Михаило Пасирски, кој ги придружуваше војниците на патувањето.

    Руската инвазија на Украина почна во февруари 2022 година и во меѓувреме стана најубиствената војна во Европа во последните 70 години.
    Украинскиот претседател Володимир Зеленски во декември кажа дека 43.000 украински војници загинале, а уште 370.000 се повредени.

    Атос е духовен дом на православната црква уште од византиско време. Областа беше додадена на листата на светско наследство на УНЕСКО во 1988 година. Некои древни обичаи сè уште важат таму и до ден денес, само на мажи им е дозволена посета.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира